недела, 20 октомври 2024

Москва нападната со дрон, оштетена е зграда, одекнала силна експлозија (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Сведок на Ројтерс кој бил во областа опиша дека слушнал „силна експлозија“. Фотографиите покажуваат работници како го проверуваат оштетениот покрив на зградата погодена од дронот.

Руското Министерство за одбрана и градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин изјавија дека нема жртви откако противвоздушната одбрана уништила беспилотно летало кое потоа удрило во зградата на Експо центарот во Москва во петокот рано наутро. Експо центарот е група изложбени павилјони и повеќенаменски сали на помалку од пет километри од Кремљ.

„Околу 04:00 часот по московско време, режимот на Киев изврши уште еден терористички напад користејќи беспилотно летало врз објекти лоцирани во Москва и московската област“, ​​соопшти руското Министерство за одбрана.

Киев се уште не ја коментирал експлозијата во Москва.

Воздушниот сообраќај беше накратко прекинат на четирите главни аеродроми околу руската престолнина – Внуково, Домодедово, Шереметјево и Жуковски. Руската агенција за воздушен транспорт соопшти дека седум летови биле пренасочени на алтернативни аеродроми. Воздушните напади со беспилотни летала длабоко во Русија се зголемени откако на почетокот на мај беше уништен дрон над Кремљ.

Цивилни области на главниот град беа погодени подоцна во мај, а московска деловна област беше двапати цел во три дена претходно овој месец. И Украина и Русија негираат дека целеле цивили и цивилна инфраструктура во речиси 18-месечната војна. Украина обично не коментира кој стои зад нападите на руска територија, иако официјални лица јавно изразија задоволство поради нив.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ