петок, 26 јули 2024

Москва: Имаме список на американски и европски средства што ќе ги заплениме

Москва денеска предупреди дека има список на американски и европски имот што ќе биде запленет доколку лидерите на Г7 ги конфискуваат замрзнатите 300 милијарди американски долари на руската централна банка.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Лидерите на седумте најразвиени индустриски земји на состанок во февруари ќе разговараат за нови мерки, кои вклучуваат и конфискација на руски имот, тврди неименуван британски функционер.

Дмитриј Песков вели дека таквиот потег на Западот би претставувал кражба, кршење на меѓународното право и загрозување на резервните валути, глобалниот финансиски систем и светската економија.

„Тоа би било голем удар за главните параметри на меѓународната економија, би ја поткопало меѓународната економија“, рече Песков.

„Тоа ќе ја загрози довербата на земјите во САД и ЕУ како економски кредитори. Затоа ваквите постапки носат многу, многу сериозни последици“, додаде тој.

Потоа потврди дека постои список на западен имот кој Русија ќе го заплени како знак на одмазда, но не прецизираше за кој имот и средства се работи.

Откако претседателот Владимир Путин испрати војници во Украина во февруари 2022 година, САД и нивните сојузници ги забранија трансакциите со руската централна банка и Министерството за финансии, блокирајќи околу 300 милијарди долари руски средства на Запад.

Некои западни политичари бараат замрзнатите руски средства во вредност од околу 300 милијарди долари да ѝ бидат предадени на Украина за да ја обнови својата економија опустошена од војната. Минатата недела, претседателот Путин им нареди на два европски концерни, Винтершал Деа и ОМВ, да одземат повеќе милијарди долари вредни удели во гасните проекти на рускиот Арктик.

Американските и британските власти ги зајакнаа напорите во последниве месеци за конфискација на руските средства замрзнати во Белгија и другите европски престолнини.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ