петок, 27 декември 2024

Москва: Илјадници Руси потпишаа договор со војската во последниве 10 дена, сакаат одмазда

Бројот на Русите кои им се приклучија на вооружените сили значително се зголеми по минатомесечниот смртоносен напад на концертната сала во близина на Москва, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Повеќе од 100.000 луѓе потпишале договори со војската од почетокот на годината, вклучувајќи околу 16.000 само во последниве 10 дена, се вели во соопштението.

„За време на интервјуата минатата недела во канцелариите за селекција во руските градови, мнозинството кандидати како главен мотив ја наведоа желбата за одмазда за загинатите во трагедијата на 22 март 2024 година во московската област“, ​​соопшти министерството.

Најмалку 144 лица загинаа во масовното пукање и пожарот во концертната сала Крокус Сити Хол. Одговорноста за нападот ја презеде милитантната група Исламска држава. Но, Русија рече дека напаѓачите биле поврзани со Украина. Ова постојано беше демантирано од Киев, а САД го отфрлија како бесмислица.

Русија се потпира на постојан доток на регрути во своите вооружени сили поради војната во Украина, која сега е во трета година. Рускиот претседател Владимир Путин нареди мобилизација на 300.000 луѓе во септември 2022 година, но рече дека нема потреба од друга задолжителна мобилизација бидејќи голем е бројот на оние што доброволно се приклучуваат.

Постерите во руските градови ги величаат војниците кои се борат во Украина како патриоти и херои, а многумина се привлечени од платите кои во војската се далеку повисоки отколку на другите работни места.

Но, Русија, која ја нападна Украина во февруари 2022 година, постигна мал напредок во изминатите два месеци. Министерот за одбрана Сергеј Шојгу во март најави дека Москва ќе ги зајакне своите сили до крајот на оваа година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ