Тој во интервју за РИА Новости потсети дека за време на самитот на космодромот Восточни во септември 2023 година лидерот на Северна Кореја Кин Џонг Ун го поканил рускиот претседател да го посети Пјонгјанг.
„Оваа покана за време на неодамнешната посета на нашата земја го потврди министерката за надворешни работи на Северна Кореја Чои Сон Хуи. Конкретните датуми на посетата ќе бидат договорени по дипломатски канали“, кажа Желоховцев.
Претходно портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека посета на Путин на Северна Кореја не е планирана до крајот на март.
САД и Јужна Кореја изразуваат загриженост поради јакнењето на воената и економската соработка на Русија и Северна Кореја и го обвинуваат Пјонгјанг дека ѝ испраќа оружје на Москва.