петок, 18 октомври 2024

Москва: Доколку откритијата на Асанж се однесуваа на Русија или Кина, ќе го прогласеа за борец за слобода

Ситуацијата во која се наоѓа основачот на Викиликс Џулијан Асанж е пример за подлоста, лагите и двојните стандарди на Вашингтон, Лондон и Брисел, а земјите кои поддржуваат негово екстрадирање во САД повеќе нема да бидат држави засновани на владеење на правото ако Британија го предаде на Америка, кажа претседателот на руската Државна дума Вјачеслав Володин.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Најпознатиот светски затвореник се наоѓа во затворот Белмарш во Лондон и покрај тоа што не е осуден за никакво злосторство, а му се заканува казна од 175 години затвор во Соединетите Американски Држави поради објавувањето документи во кои детално се откриваат незаконски акции на САД во Авганистан, Ирак, Гвантанамо и други места.

„Објавените преписки и документи ја докажуваат вмешаноста на САД во државни удари и разгорување војни, Асанж на светот му ги откри тортурите во американскиот затвор Гвантанамо, како и тоа дека американската Агенција за национална безбедност прислушувала телефонски разговори на шефови на држави, вклучувајќи ги (поранешната германска канцеларка Ангела) Меркел, и (поранешниот француски претседател Никола) Саркози“, кажа Володин.

„Асанж ги разоткри злосторствата на Вашингтон, а светскиот хегемон не толерира такви работи, уништувајќи ги сите оние кои не се сложуваат“, прецизираше рускиот политичар.

„Ако откритијата на Асанж се однесуваа на Русија или Кина, а не на САД, ќе го прогласеа за борец за вистината и слободата“, додаде Володин.

Според него, фактот што новинарот 12 години е во заробеништво, прво во амбасадата на Еквадор во Британија, а потоа во затворот со висока безбедност, е скандалозно.

„За тоа време неговото здравје нагло се влоши, а и покрај тоа (американскиот претседател Џо) Бајден прави сè за основачот на Викиликс да биде екстрадиран во САД. Сака да го убие пред целиот свет. Обединетите нации во 2016 објавија дека неговото затворање е незаконско. Неговата екстрадиција би претставувала флагрантно кршење на Европската конвенција за човекови права, вклучувајќи го правото на слобода на говор“, предупреди Володин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ