петок, 26 јули 2024

Москва: Договорот за житото повеќе не функционира

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за договорот на ОН и Москва за надминување на пречките за рускиот извоз на житарки и ѓубриво.

„Ако сè остане како што е, а по сè изгледа ќе остане, тогаш ќе биде потребно да се тргне од фактот дека договорот повеќе не функционира“, кажа рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Тој наведе дека помалку од три отсто од житарките извезени во рамки на договорот стигнале до најсиромашните земји на светот.

Договорот склучен во јули минатата година ги обврзува Обединетите нации да ѝ помогнат на Русија да ги надмине сите пречки за нејзиниот извоз на житарки и ѓубриво во текот на три години, пишува Ројтерс.

Месецов Русија се согласи да го продолжи договорот за црноморското жито за уште два месеци, до 17 јули, но од Кремљ беше соопштено дека мора да се направи уште поголем напредок за да се унапредат интересите на Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ