Претходно неколку западни земји му дозволија на Киев под одредени услови со нивното оружје да гаѓа цели на руска територија.
Рускиот претседател Владимир Путин предупреди за време на разговорот со претставниците на западните медиуми на маргините на економскиот форум во Санкт Петербург дека Москва може асиметрично да одговори на испораките на оружје со долг дострел на Украина.
Тој оцени дека Русија може да го испорачува своето високопрецизно оружје со долг дострел за напади на земјите кои го снабдуваат Киев со оружје.