„Еве додаток на и онака монструозната слика на недостиг на слобода на говорот, особено во ЕУ. Би било интересно да се обрати внимание на упорните обиди на европското обвинителство да ги земе кривичните постапки од белгиските судии под своја европска закрила. Притоа, таа структура институционално нема надлежност по тоа прашање“, кажа Захарова на брифинг.
Реагирајќи ан реизборот на Урсула фон дер Лаен на местото претседателка на Европската комисија, таа додаде дека „без оглед што е осомничена за злоупотреба при набавките на вакцините против коронавирусот, претседателот на САД би можел да ја помилува“.
„Ете го бриселското правосудство, слободата на говорот, демократијата. Уште еден пример. Генерално ужасна приказна. Многу е можно со некој таен декрет Бајден веќе да ја помилувал Урсула фон дер Лаен“, додаде Захарова.
Во моментов се води истрага поради сомнеж за корупциска афера против Урсула фон дер Лаен. Судот на ЕУ во Луксембург пресуди во јули дека дошло до кршење од страна на Европската комисија при набавката на вакцини против коронавирусот во 2020 и 2021 година, блокирајќи го пристапот на јавноста до информациите за цените на лековите.