среда, 30 октомври 2024

Москва: Американската резолуција за Газа е лицемерна, срамота е да се гласа за неа

Рускиот амбасадор во Обединетите нации објасни зошто Русија и Кина ставиле вето на текстот предложен од Соединетите Американски Држави.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Текстот на американската нацрт резолуција за прекин на огнот во Појасот Газа на кој Русија и Кина вчера ставија вето, бил, според зборовите на рускиот претставник во ОН Василиј Небензја, лицемерен и не повикувал експлицитно на „замолчување на оружјето“ во Газа.

Резолуцијата која ја предложија САД повикува на итен прекин на огнот, но не поставува рок, ниту прецизира дали примирјето треба да биде трајно или привремено.

„Нема повеќе да толерираме бесмислени резолуции кои не повикуваат на прекин на огнот и кои не нè движат напред. Тоа на Израел би му дало одврзани раце и би резултирало со уништување и раселувањето на целиот Појас Газа и целото негово население“, истакна Небезја.

Тој додаде дека Вашингтон „намерно ја измамува целата меѓународна заедница“ и истакна дека би било „срамота да се гласа за таква резолуција“.

Палестинскиот амбасадор во Обединетите нации Ријад Мансур кажа дека „едностраната резолуција“ е одбиена од „очигледни причини“. Тој го осуди „геноцидот над палестинскиот народ“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ