сабота, 27 јули 2024

Мосад: Иран стои зад нападите на криминалните групи врз израелските амбасади

Израелската разузнавачка агенција Мосад денеска објави дека Иран стои зад серијата терористички напади извршени од криминални мрежи врз израелските амбасади во Европа од 7 октомври минатата година, кога започна војната меѓу Израел и палестинскиот исламистички Хамас.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Мосад и неговите европски колеги започнаа истрага откако во јануари во израелската амбасада во Стокхолм беше пронајдена експлозивна направа, за која се вели дека е рачна граната, и беше уништена од шведскиот национален одред за бомби, објавија израелските медиуми.

По испитувањето на осомничените и форензичките докази, истражителите заклучиле дека зад нападот стои синџирот за организиран криминал Фокстрот во Шведска и дека работел по налог на Иран, тврди Мосад.

Израел го обвини лидерот на Фокстрот Рава Маџид, наречен Курдска Лисица, дека со месеци соработувал со Иран.

Тој беше регрутиран од ирански агенти откако во септември минатата година од Турција побегна во Иран од меѓународните и ирачките безбедносни сили.

Тој беше уапсен од Иран и регрутиран да планира серија напади во Европа врз еврејски и израелски цели, според Мосад.

Десетици терористички заговори против еврејски и израелски цели поддржани од Иран се откриени во последниве месеци, наведува израелската агенција, додавајќи дека во многу од нив се вклучени локални криминални мрежи.

На 17-ти мај, шведската полиција доцна во ноќта слушна вооружен напад во близина на израелската амбасада и приведе 14-годишно момче во врска со инцидентот, објавувајќи дека амбасадата била цел на напад.

Тој вооружен напад го изврши криминалната група Румба, предводена од ривалот на Маџид, Исмаил Абд, нарачана од Иран.

„Иран управува со многу криминални организации во Шведска и во Европа воопшто и ја користи релативната предност на едната над другата, а понекогаш и ривалството меѓу нив“, се вели во израелското соопштение.

Мосад тврди дека Фокстрот и Румба се директно финансирани од Иран и внимателно се набљудувани од европските разузнавачки служби.

Покрај тоа, израелската агенција го обвинува Иран дека се обидува да го искористи растечкиот антисемитизам во Европа, додека избегнува директна одговорност за нападите.

Мосад, исто така, вели дека криминалци поддржани од Иран стојат и зад минатонеделниот напад врз израелската амбасада во Белгија, каде што беа фрлени гранати од воздух.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ