сабота, 27 јули 2024

„Моргенбладет“: Маџиров е еден од најважните поети на Источна Европа

Објавено на

часот

Сподели

Во критиката на неделникот се наведува дека Маџиров е еден од најважните поети на Источна Европа и дека тој покажува „зошто сѐ уште може да се чувствуваме како дома во соодветна метафора“. Неделникот се задржува на домот и бездомноста, присилните и доброволни преселби во неговите стихови, наведувајќи ја и трагедијата во Егејска Македонија за време на Балканските војни.
„Никола Маџиров ги огласува миграциите на сите времиња, но и на едно егзистенцијалистичко прашање – кои сме ние без простор“, е наведено во критиката на „Моргенбладет“.
Неделникот позитивно ги анализира неговите книги што минатата година беа објавени во САД „Остаток од друг век“ и во Германија „Преместен камен“ и наведува цитат од критиката во германскиот неделник „Шпигел“, кој го спореди Маџиров со нобеловецот Томас Транстромер.
Норвешкиот неделник  „Моргенбладет“ е основан во 1819 година и се печати 192 години. Рубриката култура почна со критики што им се посветени на светски автори што уште немаат книга на норвешки јазик, а рубриката ја почнаа со поезијата на македонски автор, Никола Маџиров.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ