сабота, 27 јули 2024

Моравјецки: Полска не е за стратешка автономија на ЕУ од САД, туку за посилна соработка

Објавено на

часот

Сподели

„Ние предупредуваме на тоа. Сакаме да живееме во мир со сите, тоа е јасно. Но, наместо да развиваме стратешка автономија од САД, предлагам да изградиме стратешко партнерство со САД. Кога за помалку од две години Полска ќе биде претседавач со ЕУ – трансатлантското партнерство, сојузот на ЕУ со САД, ќе го поставиме како најважната точка на тоа претседавање“, рече Моравјецки пред заминувањето во посета на Вашингтон.

Полскиот премиер истакна дека стратешкиот сојуз со САД е за Полска „апсолутен темел на нејзината безбедност“.

„За време на мојата посета на САД, имам намера да потврдам и склучам договори за оружје, кои се основата на нашата безбедност во иднина. Целта на посетата е и зајакнување на полско-американските деловни врски. Американците овде инвестираа 25 милијарди долари, стотици илјади работни места и сакам понатаму да отвориме десетици илјади работни места преку развој на нашата соработка во областа на нуклеарната енергија“, рече Моравјецки.

На дневен ред на разговорот со американската потпретседателка Камала Харис, една од главните точки е помошта за Украина.

„Да замислиме несреќно сценарио Украина да е поразена. Не дај боже, но ако се случи такво нешто, сигурно многу ќе влијае на економскиот развој на Полска, ќе имаме нов миграциски бран, а уште помалку западни инвеститори. Затоа во наш интерес е да го зајакнеме сојузот со САД и Западна Европа за да ѝ помагаме на Украина. Тоа е една од целите на мојата посета на САД, да побарам помош за Украина за Полска да биде безбедна“, рече Моравјецки.

Францускиот претседател Емануел Макрон зборуваше за потребата од „стратешка автономија“ од САД по неговата посета на Кина деновиве, кога во врска со тензиите околу Тајван рече дека Европа е изложена на голем ризик да биде вовлечена во кризи кои не се нејзини, што би ѝ оневозможило развој на својата стратешка автономија.

Полскиот премиер посетата на САД ја завршува во четврток.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ