Во јануари 2019, Кевин Принц Боатенг на големо изненадување го напушти Сасуоло и се пресели на Камп Ноу.
Како гостин во подкастот на Рио Фердинанд, поранешнииот фудбалер сега откри дека всушност бил голем фан на Реал Мадрид, но морал да лаже и да не го каже ова, во спротивно никогаш немал да го облече дресот на „каталонците“.
„Навивач сум на Херта Берлин, каде што пораснав, и морам да им се извинам на навивачите на Барселона, кои сигурно ќе ме мразат, навивам и за Реал Мадрид“ – вели Боатенг.
„Кога бев дел од Барселона, не можев да го кажам ова, бидејќи немаше да играм. Три години претходно, кога бев дел од Лас Палмас, ме прашаа кој е најдобар фудбалер во светот и тогаш кажав, „во светот е најдобар Роналдо, во оваа галаксија е Меси“, потоа ме прашаа кој е мојот омилен тим и кажав Реал Мадрид“.
„И кога потпишав за Барса, прво прашање беше кој е твојот омилен клуб? И морав да кажам Барса. Второ прашање беше кој е најдобар фудбалер во светот? Морав да кажам Меси“.
„Обично сум искрен и ја кажувам вистината, но ова се едни од најголемите лаги“.