сабота, 27 јули 2024

Мораш на протест! ССМ ги повика работниците на 1 Мај да протестираат зашто власта ги кастри правата

Објавено на

часот

Сподели

„Недозволиво е вработените во јавниот сектор да немаат право на регрес за годишен одмор како нивните колеги и колешки во приватниот сектор. Недозволиво е да биде погазено работничкото достоинство и правото на пристојно работно време како цивилизациска придобивка, со воведување на 60 часовна работна недела заради исполнување на желбите на газди, функционери и поединци“, наведуваат од ССМ.

„Мораш на протест! Владата со мала група на пратеници прави обид фундаменталното право на пристојно работно време и пристојна работа кое е изборено во 1886 година да го погази и Македонија и македонските работници да ги врати 137 години назад!“, се вели меѓу другото во повикот од ССМ до работниците.

плакат

1 Мај се одбележува токму во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 година во Чикаго, а на овој штрајк, организиран со цел воведување на осумчасовен работен ден, била употребена сила од страна на полицијата, при што имало и жртви, потсетува ССМ на историјатот на работничката борба.

„Подоцна, организаторите на штрајкот биле изведени на суд, при што четворица од нив биле погубени. Во знак на почит кон жртвите од чикашкиот штрајк, Втората интернационала на својот оснивачки конгрес во 1889 донесе декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации на 1 мај со цел подобрување на својата положба.

Оттогаш, традиционално, на 1 мај секоја година во повеќе земји ширум светот се одржуваат демонстрации во знакот на одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот“, се потсетува во прогласот на ССМ. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ