Утрово во НБА на програмата беа четири натпревари а највозбудливо беше на пресметката помеѓу Минесота и Мемфис.
Двата тима 25 пати го разменија водството за на крајот победата да ја однесат гостите со резултат 125-127.
Џа Морант блесна кога требаше и со две соло акции во финишот го реши трилерот во полза на популарните „гризли“.
Мајами нанижа три победи откако утрово славеше кај Портланд со 98-119. Тајлер Хиро ги предводеше „жешките“ со 32 поени, а одлична партија имаше и српскиот репрезентативец Никола Јовиќ, кој забележа 21 поен, осум скокови и пет асистенции, што за него е рекорд сезонава.
РЕЗУЛТАТИ:
Феникс – Јута 114-106
Детроит – Торонто 123-114
Минесота – Мемфис 125-127
Портланд – Мајами 98-119