петок, 27 септември 2024

Мора да работиме за одржлив мир, рече Сиљановска Давкова во Советот за безбедност на ОН

„Северна Македонија останува посветена на Повелбата на ОН во целост и на реформиран Совет за безбедност на ОН, способен подобро да го исполнува својот мандат, рече претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова во  своето обраќање во  Советот за безбедност на отворена дебата на високо ниво на тема „Лидерство за мир: обединети по однос на Повелбата на Обединетите нации, во потрага по сигурна иднина“. Таа нагласи дека единственото оружје треба да cе напорите за заштита на меѓународниот поредок и за создавање одржлив мир.

Објавено на

часот

Сподели

Во своето обраќање, Сиљановска Давкова, посочувајќи дека сè уште се соочуваме со многу конфликти, но и со уште поголема неспособност да ги решиме и навремено да ги адресираме, истакна дека сега, повеќе од било кога, ни треба лидерство за мир.

„Во овие сегашни времиња на војна и остра поларизација, заедничката потрага по мир зависи од нашиот колективен ангажман и лидерство. Колку повеќе го одложуваме наоѓањето решение, последиците стануваат пошироки и повеќе не засегаат, со закана да станат не само регионални, туку и глобални. Незамисливо, но сепак многу реално сценарио е заканата од употреба дури и на нуклеарно оружје“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

„Единственото оружје што треба да го користиме се колективните напори за заштита на меѓународниот поредок за идните генерации. Сите наши напори треба да бидат насочени кон создавање услови за одржлив мир и развој, каде што нашите вредности и принципи треба целосно да се почитуваат“, рече претседателката на Македонија.

Таа посочи дека со нашиот заеднички придонес за глобалниот мир и безбедност треба да им овозможиме на Обединетите Нации да ја извршуваат својата водечка улога и во таа насока истакна дека Северна Македонија останува посветена на Повелбата на ОН во целост и на реформиран Совет за безбедност на ОН, способен подобро да го исполнува својот мандат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ