сабота, 27 јули 2024
На вонредна прес-конференција на МВР вечерва

Монструмот што ја грабна и ја уби Вања е фатен во Турција, соопшти министерот Спасовски

Колегите од Турција денес ме известија дека е фатен Љ.П., осомничен за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и за убиството на 74-годишниот Панче Жежов, соопшти вечерва на вонредна прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Осомничениот за двојното убиство е фатен во градот Баликесир.

Објавено на

часот

Сподели

„Она што сакам да го споделам со вас како посебна обврска како човек, како родител, но и како министер е дека колегите од Турција ме известија дека креаторот, планер, главен координатор и директен извршител е фатен на нивна територија. Тоа е и последната алка од овој грозоморен чин за да кажеме дека сме завршиле сѐ за ова свирепо убиство“, рече вечерва Спасовски.

Спасовски ја опиша и рутата на Палевски од Белград до турскиот град Баликесир, каде што беше уапсен од турската полиција.

Палевски од Скопје со својот адвокат, со негово возило шкода суперб, стигнал до Белград. Таму преноќил во еден хотел. Наредниот ден го презело друго лице од Скопје со џип ренџ ровер и преку граничниот премин Градина влегол во Бугарија, по што влегол во Турција во градот Баликесир.

Македонските служби стапиле во контакт со оперативен извор во Турција со потврда дека Палевски е во Баликесир и дека од тука сака да замине во Истанбул. Најмен бил такси-возач за да отиде во Истанбул, но повторно се вратил во градот, симулирал одење во Истанбул. Денеска попладнево е уапсен од турската полиција додека одел пеш низ градот, рече Спасовски и покажа фотографии од уапсениот Палевски испратени од Турција.

д

д

„Огромна благодарност до колегите од Турција и за сите колеги што беа по рутата на движењето и од Србија и од Бугарија и од Турција. Колегите од Хрватска сами направиле проверки и нѐ информираа дека лицето не било таму“, рече Спасовски.

Лицето што го возело Палевски од Белград до Tурција е приведено на враќање, на граничниот премин Дојран и тоа сѐ уште е во полициска станица.

Спасовски рече дека приведените лица се малоумни, дека се монструми, а кажа и дека малолетната Вања е пронајдена со прострелна рана.

Рече и дека на територијата на Скопје се пронајдени два пиштоли, кои допрва треба да се вештачат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ