среда, 15 јануари 2025

МОН ветува географски карти, глобуси, компаси и атласи за сите училишта

Објавено на

часот

Сподели

Од МОН информираат дека кабинетите по овие предмети во моментов се опремуваат со различни видови географски и историски карти, глобуси, макети на сончевиот систем, компаси и сета опрема која е неопходна за реализирање на наставата согласно новата Концепција за основно образование.

„Оваа активност се спроведува преку проектот за модернизација на основното образование и затоа изразувам голема благодарност до Светската банка, која го финансира неговото имплементирање“, изјави министерот за образование Јетон Шаќири. Тој вели дека процесот на унапредување и модернизирање на основното образование се одвива интензивно и согласно планот што е усвоен пред две години преку широк процес на јавна дискусија.

Во МОН информираат дека се интензивираат и активностите за реновирање и реконструкции на основните и средните училишта за што се се предвидени 4,5 милиони евра, а ќе се прави обнова на 50 училишни објекти во повеќе општини низ државата.

Парите се обезбедени во буџетот на МОН, проектната единица за изградба на 145 спортски сали и рехабилитација на училишни објекти, а најголем дел од училиштата, односно 40 објекти, ќе бидат опфатени со реконструктивни активности повторно со поддршка од Светската банка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ