петок, 14 март 2025

МОН: Пуцко петрол беше избран за јавна набавка како единствен пријавен економски оператор

Министерството за образование и наука го отфрла обвинувањата за нетранспарентност во јавните набавки и нагласува дека компанијата Пуцко петрол е ангажирана при постапка за јавна набавка во која е единствен пријавен економски оператор.

Објавено на

часот

Сподели

„Склучен е договор за сукцесивна испорака на гориво согласно потребите на МОН. Договорот е со важност од една година и досега, во овие 2,5 месеци искористено е гориво во износ од 57 илјади денари, за 8 возила со кои вработените во министерството и просветните инспектори ја извршуваат својата теренска работа“, се вели во денешната реакција на МОН на обвинувањата од СДСМ.

Во него се додава дека веќе 8 месеци Министерството за образование и наука не троши пари на „лични хирови како што тоа се случувало во минатото, туку фокусот се навистина учениците, наставниците, студентите и професорите и градењето на поквалитетен образовен систем“.

„Се работи чесно и посветено, и освен што се враќаат долговите на претходното раководство кои изнесуваат 5 милијарди денари, за оваа година обезбеден е и рекорден буџет од 38 милијарди денари за подобро образование и за развој на научната дејност во Македонија. Залудни се обидите на политичката партија СДСМ да припишува некакви гревови на актуелното раководство на МОН. Јавните набавки се спроведуваат транспарентно, економично и ефикасно и без нарушување на начелата на конкурентноста меѓу економските оператори“, велат од МОН.

Според министерството склучениот договор согласно кој во овие 2,5 месеци искористено е гориво во износ од 57 илјади денари, за 8 возила со кои, вработените во министерството и просветни инспектори ја извршуваат својата теренска работа покажува и дека толку се реалните потреби од гориво на институцијата, споредбено со изминатите години.

„Нема користење возила и картички за лични и партиски потреби. Така што, неспоредливи се овие 57 илјади денари со десетте милијарди кои пратеници–бизнисмени од сега опозициските партии нашле шема да ги испумпаат од државниот буџет во време на нивното владеење. Тие треба да се срамат од своите постапки и секако да одговараат заради труењето на целата македонска јавност“, се вели во реакцијата од Министерството за образование и наука.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ