„Сочувство, но и јавна благодарност изразуваме до раководството и наставниот кадар во основното училиште Јохан Хајнрих Песталоци за високата посветеност и одговорност во работењето, кои воедно реагираа брзо и го алармираа семејството на ученичката за нејзиното отсуство од наставата“, се додава во соопштението.
Дополнително и по трагичниот настан, како што велат од МОН, училиштето останува добро организирано, обезбедувајќи ја целокупната психолошка поддршка за сите ученици, со цел зачувување на менталното здравје и справување со трауматските последици од целата ситуација.
„Министерството е во постојана комуникација со училиштето и предложивме поддршка во делот на ангажирање дополнителен кадар, составен од педагози и психолози, кои ќе им бидат на располагање на учениците во периодот што следи. Во меѓувреме, сите заедно да се заложиме вакви настани да не се повторуваат. Да бидеме подобри луѓе. Одговорноста е заедничка. Почивај во мир, драга Вања“, пишува во соопштението.