сабота, 27 јули 2024

МОН практикува социјален дијалог, но не кажува дали е преговарано со НСОН пред за утре најавениот протест

Објавено на

часот

Сподели

Во одговоро МОН наведува:

Министерството за образование и наука го практикува социјалниот дијалог како корисна алатка за унапредување на квалитетот на националниот образовен систем и токму како резултат на дискусиите и разговорите со социјалните партнери, односно со репрезентативните синдикати, досега усвоени се бројни решенија, мерки и активности кои влијаат на одредени аспекти на овој општествен сегмент. 

Во таа насока, преку заеднички одлуки во изминатите неколку години платите на наставниците во основните и средните училишта се зголемени за значителен процент, поточно за по 5% во 2018 и 2019 година, за 10% во 2020 година, за 15% во 2022 година, а на почетокот на годинава имавме ново зголемување за околу 3%. Овој тренд продолжува и во иднина. 

Во целост ги почитуваме и исполнуваме одредбите од колективните договори во основното и средното образование. Просветните работници се најважната алка во воспитно–образовниот процес, а нивната мотивираност за работа се одразува на квалитетот на наставата. Затоа, се заложуваме за зголемување на нивните права и подобрување на условите за работа.  

По однос на интегрирањето на предмети, како една од причините за организирање протест од страна на НСОН, информираме дека новата Концепција за основно образование усвоена во 2021 година преку јавна дебата и широк консензус наметнува низа новини во образовниот систем кои етапно се воведуваат и даваат позитивен ефект. Целта на промените се поттикнување на креативна и интересна настава која ќе стимулира учење со разбирање, наместо фактографско меморирање податоци. 

Меѓу промените е и интегрирањето предмети. И тоа не предвидува  укинување на содржини. Историја, географија, биологија, хемија, физика и натаму ќе бидат дел од науките што ќе бидат соодветно застапени во наставниот план за основно образование, а ќе ги предаваат наставниците што и досега ги предаваа овие предмети. Секој наставен предмет ќе има повеќе модули што ќе овозможат ученикот да ја изучува наставната содржина од повеќе аспекти, односно да добие поцелосна слика за одредена случка, процес, состојба и слично. 

                                                                                                                                                П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ