Како што посочуваат од МОН, станува збор за вкупно девет различни категории на стипендии, а условите за стекнување на правото на користење, како и потребните документи се наведени во секој од конкурсите.
МОН обезбедува поддршка за апликантите преку Секторот за ученички и студентски стандард. Личните контакти на сите вработени, вклучително и на вработените во овој сектор, се наведени на следниот линк – mon.gov.mk. Исто така, за дополнителни прашања активна е електронската адреса [email protected] – ,се наведува во соопштението од Министерството.
МОН: Објавени конкурсите за стипендии за средношколци
Министерството за образование и наука информира дека се објавени конкурсите за доделување на стипендии за средношколци за учебната 2024-2025 година и можат да се погледнат на линкот mon.gov.mk. Крајниот рок за аплицирање е 15 октомври 2024 година.
Објавено на
часот