недела, 19 мај 2024

MOН можеби ќе го повлече решението за одработување на неработните денови за изборите

Во Министерството за образование се бара решение како неработните денови да се надоместат во периодот од понеделник до петок за да не се оптоваруваат дополнително ниту учениците ниту наставниците ниту, пак, родителите. Министерот за образование Јетон Шаќири вели дека е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за одработување во саботи за 24 април и 8 мај, кои Владата ги прогласи за неработни денови за сите граѓани поради изборите, и за 30.11.2023, кој беше прогласен за неработен поради самитот на ОБСЕ во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

„Го разбирам револтот, но дописот морав да го испратам оти има законска обврска учебната година да трае 180 работни дена. Свесни за реакциите, најмногу реагираа родителите, еве денес се обидуваме во МОН да најдеме некое друго решение за да се одработат деновите, а кое нема да значи да се оди на училиште во сабота. Бараме начин како да се надополнат часовите во текот на работната недела од понеделник до петок и сите опции се во игра. Доколку најдеме решение, нема да се учи во сабота“, изјави министерот Шаќири.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ