петок, 25 октомври 2024

МОН ќе дава стипендии на ученици кои ќе се запишат во средно стручно училиште

Објавено на

часот

Сподели

„Моша Пијаде“ се трансформираше во Регионален центар за стручно образование, еден од трите вакви центри во државата што ги основаме во изминатите неколку години кои понудија осум нови квалификации што компаниите навистина ги бараат, нови профили кои се достапни за младите. Тука се – машински техничар со моторни возила и електротехничар за компјутерска технологија и автоматизација. Наставата се спроведува преку концептот на дуално образование односно учениците добиваат повеќе практична настава и учат преку работа за сметка на теоретската настава што значи нивна добра подготовка и стекнување на потребните вештини и компетенции кои ќе ги направат конкурентни на пазарот на трудот“, истакна министерот.

Тој потсети дека за учениците во стручните училишта има и поддршка од државата.

„Апелирам до оние кои го завршуваат деветто одделение во цела држава и овде во полошкиот регион да се фокусираат на стручно образование со правилна одлука да обезбедат можност за добра иднина. Ние како Министерството ќе ги поддржиме со вкупно 1500 стипендии кои се дел од конкурсот за ученички стипендии за оние што се запишуваат за дуалното и воопшто во средно стручно образование“, истакна Шаќири.

На новинарско прашање дали ќе се реконструираат објектите на училиштето кои се меѓу најстарите во Тетово, министерот посочи дека веќе има одобрен проект.

„Веќе има апликација за тој одобрен проект и комплетна документација која во претходниот период недостасуваше за да биде комплетна во постапка за одобрување за реализирање на јавна набавка. Очекувам, нашиот краен рок, 2024 година, целосно да се реконструира, не само еден објект туку неколку објекти во ова училиште. Освен тоа да се опреми и со нова опрема што ќе биде достапна за практична настава“, најави министерот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ