Одбиените кандидати за стипендија ќе имаат можност за жалба, откако електронски ќе го добијат решението во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена. Електронската испорака на решенијата се врши преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk и документот се доставува директно на профилот на ученикот, односно студентот. Ова е новина која за прв пат се воведува годинава.
Роковите за жалба ќе течат од моментот кога ученикот/студентот ќе го прими решението. Изработката и испраќањето на решенијата се одвива етапно, по групи на стипендии и сите апликанти за стипендија ќе добијат решение, соопшти МОН.
MOН: Исплатени се ученичките и студентските стипендии за февруари
Министерството за образование и наука информира дека се исплатени ученичките и студентските стипендии на сите нови корисници, кои доставиле договор за стипендија во предвидениот рок. Станува збор за 3.300 ученици и 3,000 студенти, нови корисници на кои им се исплатени средства заклучно со месец февруари 2024 година.
Објавено на
часот