сабота, 27 јули 2024

МОН и УНИЦЕФ преку работилници ќе градат заеднички одговор за безбедни училишта

Објавено на

часот

Сподели

„Целта на работилниците е да се изгради заеднички одговор на последните случувања и да се поттикне отворен разговор и клима на поддршка во училиштата. Во кризни ситуации кои влијаат врз добросостојбата и менталното здравје на учениците од исклучителна важност е училиштето да остане безбедно место во кое тие ќе најдат разбирање, одговори и поддршка за да ги надминат предизвиците, да ги унапредат своите социо-емоционални компетенции, и да ја зајакнат психолошката отпорност“, соопшти МОН.

За денеска предвидени се работилници со стручните соработници од училиштата во Велес и Струмица. 

„Поддршката од институциите, но и поддршката помеѓу стручните соработници е клучна и министерот за образование и наука Јетон Шаќири повторно повикува да се овозможи непречена секојдневна работа за стручните соработници и ослободување од административни обврски во училиштето“, наведуваат од МОН. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ