Како што објави МОН, тие се однесуваат на причините кои довеле до започнување на Втората светска војна и случувањата непосредно пред нејзиниот почеток со акцент на потпишувањето на Договорот Молотов – Рибентроп.
Документот ќе биде доставен до Бирото за развој на образованието кое е надлежно за процесот на изработка на наставни програми.
„Препораките се очекува да бидат имплементирани од страната на креаторите на наставните програми во иднина. Овој документ, како и анализите кои му претходеа, претставуваат основа за збогатување и подобрување на содржините во наставните програми по Историја за основно и средно образование кои го третираат овој период, засновани на факти“, наведува МОН.
Договорот Молотов-Рибентроп е меѓународен договор односно формален пакт за ненапаѓање помеѓу некогашната нацистичка Германија и тогашниот Сојуз на Советските Социјалистички Републики (СССР) потпишан на 23 август 1939 година. Но во реалноста, тоа бил додаток на официјалниот договор, а во согласност со тајниот дополнителен протокол, со цел поделба на териториите или наложување на автономност врз суверените држави, Полска, Литванија, Латвија, Естонија, Финска и Романија од страна на СССР и нацистичка Германија.