Од страна на просветните инспектори констатирани се бројни неправилности, особено при избори и именувања на директори и тоа во седум општински основни и средни училишта, за што давани се насоки за постапување и поведувани се соодветни постапки.
Во три основни училипта Истикбал, Ѓерѓ Кастриот Скендербеу – Порој и Беса во Мала Речица, именувани се директори кои не ги исполнуваат законските услови за извршување на функцијата. Двајца од нив (во „Истикбал“ и „Беса“) се назначени и без да се спроведе оглас за избор на директор, исто како и во гимназијата 7ми Март.
Во средното училиште 8ми септември не е распишан оглас за избор на директор три месеци пред истекот на мандатот на актуелниот директор на училиштето, како што наложува законот, додека во гимназијата Кирил Пејчиновиќ, противзаконски е разрешен директор и не е постапено согласно насоките од записникот на просветните инспектори при констатитирањето на прекршокот, што пак е утврдено за време на контролниот надзор.
Најнов случај на констатирана нерегуларност е обидот на директорката на ОУ Лирија за преземање на вработени од други институции со лажна изјава, за што известени се надлежните органи и институции за понатамошно постапување.
Законите важат подеднакво за сите и мора да се почитуваат. Раководството на општина Тетово е свесно за прекрошоците кои ги има направено и залудни се обидите да се даде политички контекст на реакциите на институциите и на голем дел од тетовските граѓани. Никој не е над законот и за непочитувањето треба да знае дека сноси одговорности и има последици.