понеделник, 28 октомври 2024

МОН ги објави резултатите од конкурсот за доделување 500 стипендии

Министерството за образование и наука ги објави резултатите од конкурсот за доделување 500 стипендии за ученици од дуалани паралелки од здравствена струка за учебната 2023/2024 година.

Објавено на

часот

Сподели

На веб-страницата на МОН е објавена листата на добитници на оваа стипендија и е достапен за преземање Договорот за стипендија кој секој добитник треба да го пополни во три примероци и заедно со копија од лична трансакциска сметка на ученикот да го достави до МОН.

Документите може да се поднесат директно во писарницата во Министерството (договорот може да ги достави и друго лице во име на добитникот на стипендијата) или по пошта – препорачана пратка со повратница (ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје), почнувајќи од денеска до 3 април 2024.

„Одбиените кандидати ќе имаат можност за поднесување жалба од денот на добивање на електронското решение од МОН кое ќе биде прикачено на електронската апликација на ученикот и во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена“, информира МОН.

Министерството укажува кандидатите да не ги доставуваат приговорите пред да го добијат решението за одбивање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ