четврток, 26 декември 2024

МОН ги исплати ученичките и студентските стипендии

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека средствата за ученички стипендии за четири месеци и за студентски стипендии за три месеци им се префрлени на постојните и на новите корисници.

Објавено на

часот

Сподели

„Исплатата на стипендиите отсега ќе се реализира редовно. Финансиската поддршка за учениците и студентите е исклучително важна, затоа што го олеснува процесот на образование и стимулира заложба за подобри резултати.   Министерството останува посветено на младите. Преку добра непосредна соработка, продолжуваме да ги подобруваме ученичкиот и студентскиот стандард“, наведува МОН во објавата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ