Наставата во учебната 2023/2024 година ќе се реализира целосно како што предвидуваат плановите за организација на работата на основните и средните училишта. Иако гласањето во рамки на првиот и вториот изборен круг е закажано во работни денови, учениците нема да изгубат од наставата и да пропуштат дел од наставниот материјал, велат од МОН.
Наставната година за учениците од средните училишта трае до 10 јуни, додека за учениците од основните училишта до 17 јуни, соопшти МОН.