четврток, 12 декември 2024

МОН: 8 милиони евра за изградба и реконструкција на основните училишта

Годинава во буџетот на Министерството за образование и наука предвидени се 493.500.000 денари (околу 8 милиони евра) за изградба и реконструкција на основните училишта во Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Обезбедуваме континуитет на започнатите промени за поквалитетно образование, а развојот на воспитно – образовниот систем оваа година уште повеќе се интензивира, за што обезбеден е рекорден буџет од 32 милијарди денари, изјави неодамна министерот за образование Јетон Шаќири.

„Се посветуваме подеднакво на сите аспекти на образованието – нови наставни програми и учебници, инфраструктура, мотивација на наставниците, дигитализација, инклузија, ученички и студентски стандард.

Продолжува изработката на нови наставни програми и учебници во основното образование, додека во средното, фокусот останува на унапредување и проширување на концептот на дуално образование, кој ги направи средните стручни училишта интересни за младите.

Лани реконструиравме 80-тина училишни објекти, а изградивме и 4 нови. Годинава со реконструктивни активности ќе опфатиме 90-ина училишни објекти, ќе почне изградбата на пет нови, ќе се прошират просторните капацитети во постоечки 15, а почнува и етапната реконструкција на девет државни студентски домови.

Верувам во успех затоа што политиките ги градиме врз база на анализи и факти, со поддршка од пошироката јавност, но и од меѓународната заедница“, вели министерот Шаќири.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ