сабота, 21 декември 2024

Момчето убиец од белградското училиште сведочи на судењето на своите родители

Во зградата на Специјалниот суд во Белград денес продолжува судењето на Милјана и Владимир Кеомановиќ, родителите на момчето кое во основното училиште Владислав Рибникар уби девет ученици и чувар.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На денешното судење ќе сведочи малолетниот убиец Коста, кој околу 9 часот утринава е доведен во придружба на полицијата.

Денес е предвидено момчето да сведочи во постапката која се води против неговите родители. Поради тоа што во моментот на извршувањето на масакрот бил малолетен, тој нема да сноси кривична одговорност за своето дело. Српските медиуми наведуваат дека момчето најверојатно ќе зборува за тоа како неговиот татко го чувал оружјето и како дошол до него.

Таткото Владимир Кецмановиќ е обвинет за тешко кривично дело против општата безбедност, бидејќи, како што се наведува, својот тогаш 13-годишен син го водел на стрелиште и го учел да пука, а и не го чувал соодветно оружјето кое го имал дома. Тој се наоѓа во притвор од 3 мај.

Мајката на убиецот, Милјана Кеомановиќ е обвинета за недозволено чување, носење и промет на оружје, поради тоа што нејзина ДНК е најдена на една од чаурите во училницата, како и на ластик за коса кој бил врзан за шише во кое нејзиниот син напрацил Молотов коктел.

Коста К. на 3 мај 2023 ги уби Бојана Асовиќ (11), Ана Божовиќ (11), Катарина Мартиновиќ (12), Мара Анѓелковиќ (13), Ема Кобиљски (13), Софија Негиќ (13), Андрија Чикиќ (14), Адријана Дукиќ (14), Ангелина Аќимовиќ (14) и Драган Влаховиќ (53), а рани шест лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ