сабота, 27 јули 2024
Уапсен е таткото

Момчето составило список за отстрел и долго го планирало злочинот, не е ментално нарушен

Објавено на

часот

Сподели

Милиќ откри дека самиот напаѓач повикал полиција и пријавил дека пукал во неколку луѓе.

„Сум бил на илјадници истраги, ова е нечуено во српското општество, а прашањето за целиот систем е што треба да направиме за да спречиме нешто слично“, рече Милиќ.

Претставник на српското МВР рече дека делото било однапред испланирано. Милиќ на јавноста ѝ покажа и список што го составил К.К., а на кој се наоѓаат имињата на децата што планирал да ги убие.„Ова е планирано веќе еден месец. К.К. долго време го планирал, не го откри мотивот. Го зел огненото оружје од станот на татко му и го донел со четири молотови коктели. К.К. имал скица од училиштето и список на деца што планирал да ги ликвидира. Самиот направил план на влезот и излезот од училиштето и поставил приоритетни цели. Обележал кого од кој клас ќе го ликвидира со бројки“, рече Милиќ.

Српската полиција потврди дека осум деца загинале кога 14-годишникот почнал да пука во белградското училиште „Владислав Рибникар“ – 7 девојчиња и едно момче. Чуварот се обидел да ја спречи трагедијата, по што и тој бил убиен.

Девојчето што беше оперирано е во критична состојба. Во Ургентниот центар се оперираат четворица ученици и наставничка. Уапсен е таткото на момчето што пукало.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ