вторник, 21 мај 2024

Момче загина во напад со меч во Лондон, неколку лица се ранети

Денеска во Лондон во напад со меч е убиено 13-годишно момче, потврди лондонската полиција. Ранети се уште четири лица, меѓу кои и двајца полицајци.

Објавено на

часот

Сподели

„Момчето беше пренесено во болница откако беше избодено и за жал набрзо почина“, соопшти полицијата обраќајќи се до медиумите.

„Во нападот се повредени уште четири лица, двајца полицајци и двајца случајни минувачи. Полицајците се со тешки телесни повреди и мора да бидат оперирани, но според информациите со кои засега полицијата располага, нивните повреди не се опасни по живот. Исто така, двајцата ранети минувачи не се во животна опасност“, додаваат оттаму.

„Напаѓачот е уапсен 22 минути откако полицијата го примила првиот повик“, изјави началникот на локалната полиција, додавајќи дека осомничениот е во притвор. „Не веруваме дека има некаква закана за пошироката јавност и не бараме други поединци“, изјави началникот Бел, додавајќи дека тие веруваат дека инцидентот не е поврзан со каков било терористички акт.

Британската полиција уапси маж вооружен со меч по дојавата за сериозен инцидент во североисточен Лондон во кој беа избодени неколку лица, соопшти претходно лондонската полиција.

Полицијата соопшти дека 36-годишниот маж повредил неколку лица, меѓу кои и двајца полицајци.

Полицијата интервенирала по дојава дека автомобил влетал во куќа во близина на метро станицата Хино.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ