Турските медиуми објавија снимка која наводно ја направил самиот напаѓач додека беснеел низ делот на градот каде што се наоѓа џамијата. На снимката се гледа дека луѓето бегаат додека тој им се приближува. Турските медиуми јавуваат дека момчето го извршило нападот под влијание на видео игри.
Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја кажа дека полицијата го уапсила напаѓачот по, како што кажа, непланираниот напад. Властите отворија истрага за инцидентот.