петок, 26 јули 2024

Момче со автомобил удрило во повозрасен пешак и побегнало

Дваесет и едногодишно момче со својот опел удрил во 68-годишен пешак па избегал.

Како што соопшти МВР, несреќата се случила вчера во 09:40 часот на улицата Пабло Неруда.

Објавено на

часот

Сподели

Во ОВР Струга вчера во 9:40 часот било пријавено дека на улицата „Пабло Неруда“ во Струга патничко возило опел со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.М.(21) од село Радолишта, струшко, удрило во пешакот С.Д.(68) од село Долна Белица, струшко, по што го напуштило местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Струга, велат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ