среда, 16 октомври 2024
Две различни пријави за ист настан

Момче пријавило ќотек од девојката, таа пријавила дека тој ја тепал неа

Вчера околу 17:30 часот во СВР Скопје, 22-годишник од Скопје пријавил дека пред четири дена околу 13:30 часот во неговиот дом на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неговата 26-годишна партнерка од Скопје. Таа, според пријавата оштетила и дел од покуќнината.

Објавено на

часот

Сподели

Денеска, пак во 05.00 часот, и неговата партнерка пријавила дека на 09.10.2024 на подрачјето на Центар тој физички ја нападнал неа, а со нејзиниот поранешен партнер двајцата имале физичка пресметка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ