Костадинов, кој во домашните јавни реакции беше оценет како маргинална личност, исто како и партијата што ја предводи, ја предводи третата партија според резултатите од последните избори во Бугарија.
Ова не е првпат да дава такви изјави, но е втор случај кога тоа го прави преку лични компарации со ставови на новизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија на 9 јануари соопшти дека „силно ја осудува објавата на лидерот на бугарска политичка партија Преродба, Костадин Костадинов, и актуелен пратеник во Народното собрание на Бугарија, на Фејсбук, со која изразува јасни територијални претензии кон нашата држава“.