сабота, 27 јули 2024

Молдавија повеќе не користи руски гас и струја

Објавено на

часот

Сподели

„Во почетокот на војната, 100% од енергијата што ја трошевме во Молдавија беше од руско потекло. Денеска можеме да кажеме дека не трошиме ниту трошка природен гас или струја од Русија“, рече премиерот на Молдавија на безбедносна конференција одржана во Букурешт.

„Молдавија повеќе не троши руски гас, ние сме интегрирани во европската енергетска мрежа и технички и комерцијално“, додаде тој.

Република Молдавија е под хибриден напад од страна на Руската Федерација, но успеа да ги зајакне државните институции за да се справи со овие предизвици, рече премиерот Речан на отворањето на Форумот за безбедност во регионот на Црно Море и Балканот во Букурешт.

Молдавскиот премиер рече дека Република Молдавија ја разбира својата улога во сегашната безбедносна архитектура. Таа мора да учествува во регионалната безбедност, вклучително и со одбрана на својата граница, која е и граница на Европската Унија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ