сабота, 27 јули 2024

Молдавија поради војната сака што побрзо во ЕУ: „Не ѝ давајте само на Украина“

Објавено на

часот

Сподели

Земјата прави напори да ѝ се приклучи на Европската Унија поради стравувањата дека може да биде вовлечена во конфликтот во Украина. „Го поздравуваме секој механизам што нè зближува, ја подобрува нашата соработка, сè додека тоа не го заменува нашиот пат кон членство“, рече Наталија Гаврилита на панелот во Давос.

„Силно веруваме дека членството во Европската Унија е она што шири мир, стабилност и напредок заснован на вредности и сакаме да бидеме дел од слободниот свет и од ова европско семејство“, додаде таа.

Таа рече дека Молдавија има „историски прозорец на можности“ да се приближи до Унијата и дека кандидатскиот статус не смее да ѝ биде даден само на Украина.

„Давањето, во овој историски момент, кандидатски статус само на Украина ќе резултира со создавање сива зона во Молдавија“, рече таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ