Едниот од дроновите го пронашла полицијата во Боросени Ној, село во северна Молдавија на околу 45 километри од украинската граница, додека другиот бил во јужното село Фирладени, на 40 километри од границата со Украина.
Двете биле беспилотни летала „мамки“, кои се користат за да ја доведат во заблуда украинската воздушна одбрана за време на напад.
„Силно ги осудуваме овие агресивни упади и ја повторуваме нашата осуда на бруталната војна на Русија против Украина“, се вели во соопштението на Министерството.
Најмалку 15 инциденти со руски беспилотни летала се пријавени во Молдавија од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.
Односите меѓу Москва и Кишињев се затегнати по руската инвазија на Украина, но и поради обвинувањата на Кишињев за мешање на Русија во изборите во Република Молдавија.
Минатата недела руското Министерство за надворешни работи го повика амбасадорот на Република Молдавија, Лилијан Дари, за да го изрази својот „силен протест“ против „неразумното“ одбивање да се акредитираат меѓународни набљудувачи од Русија на претседателските избори и референдумот на 20 октомври.