сабота, 27 јули 2024

Моќта на целото зрно

Во брзиот и динамичен свет во кој живееме, одржувањето здрав начин на живот е поважно од кога било. Помеѓу различните трендови во исхраната, водечкото место го заземаат целото зрно и интегралните житарки, кои играат клучна улога во подобрувањето на општиот животен стил, овозможувајќи голем број здравствени придобивки.

Објавено на

часот

Сподели

Производите од 100% цело зрно се вистинско природно богатство на храна (есенцијални хранливи материи, јаглехидрати, витамини, минерали и диететски влакна), што даваат поддршка за нормално и правилно функционирање на организмот во текот на целиот ден.

„Изобилството од растителни влакна во лебовите од цело зрно, придонесува дигестивниот тракт добро да функционира и да се има подолготрајно чувство на ситост. Луѓето кои во своето дневно мени за исхрана ги вклучуваат ваквите лебови, полесно ја одржуваат и регулираат својата тежина. Една од главните карактеристики на лебот од цело зрно е и што претставува извор на витамини и минерали што се неопходни за здраво и витално функционирање на организмот. Ваквиот леб помага да се одржи константно ниво на енергија по неговото консумирање, како и намалување на количеството на нездрави масти во телото”, вели доктор Валентина Павлова, Редовен професор на Факултетот за Нутриционизам.

Најголемиот производител на леб во земјава, Жито Лукс, од неодамна ја прошири својата палета производи со лансирање на новите интегрални лебови произведени од 100% цело зрно. Кафеавата боја на лебовите потекнува од обвивката на пченичното и јачменово зрно без додаток на вештачки бои. Им се препорачуваат на луѓето со активен животен стил, спортисти и адолесценти како дополнителен извор на енергија, а поради нискиот процент на масти помагаат во одржување на витката линија.

Интегралниот леб – 100% цело зрно со ‘рж

Овој леб, направен со комбинација од интегрално пченично и ’ржано брашно претставува богат извор на диететски влакна и е вистински избор за здрава и урамнотежена исхрана. Дополнително збогатен со пченични никулци, тој е природен извор на витамин Е. Посипот од овесни снегулки ја зголемува неговата хранливост и го збогатува вкусот.

Интегралниот леб – 100% цело зрно со семиња

Овој леб е направен од интегрално пченично брашно со додаток на сончогледово семе, семе од тиква и пченични никулци. Внимателно избраните состојки и додадените семиња претставуваат природен извор на витамин Е, Омега-3 масни киселини, протеини, витамини и минерали кои даваат енергија и чувство на ситост. Ваквиот состав го прави овој леб совршен дел од здравата и балансирана исхрана.

И покрај сите квалитетни состојки кои им даваат висока нутритивна вредност на овие лебови тие се меки, вкусни и одлично се комбинираат во сите оброци, со секој тип на храна.

Пронајдете го идеалниот вкус во маркетите близу вас, и почувствувајте ја моќта на целото зрно уште од првиот оброк!

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ