сабота, 27 јули 2024

Моќна рејтинг агенција би можела да ѝ го намали кредитниот рејтинг на Америка

Објавено на

часот

Сподели

Преговорите на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден и републиканците во Претставничкиот дом на Конгресот се во ќорсокак, а до истекот на рокот остануваат само седум дена. Од Фич порачуваат дека би можеле да го намалат рејтингот на САД ако на време на се крене плафонот на задолжувањето или не се суспендира.

„Фич сè уште очекува договорот за ограничувањето на долгот да биде постигнат пред „датумот Икс““, се наведува во извештајот на кредитната агенција. „Но, сметаме дека се засилени ризиците плафонот на задолжувањето да не биде подигнат или суспендиран пред „датумот Икс“ па владата да почне да пропушта подмирување на некои обврски“, се додава.

Доколку не се постигне договор, „тоа би бил негативен сигнал за поширокото управување и спремноста на САД на време да ги испочитува своите обврски“, а малку е веројатно дека тоа би било во согласност со оценката „ААА“, напоменува агенцијата.

Проценуваат дека американската влада ќе троши повеќе отколку што заработува, што ќе резултира со дефицит од 6,5 отсто од БДП во оваа година и од 6,9 отсто во 2024.

Портпаролот на американското министерство за финансии кажа дека Фич испраќа предупредување кое ја истакнува потребата за договор. Белата куќа смета дека тоа е „уште еден доказ дека неисполнувањето на обврските не е опција“.

Предупредувањето на Фич личи на 2011 година и тогашниот судир околу кревањето на плафонот на задолжувањето, што ја поттикна агенцијата Стандард енд Пурс да го снижи рејтингот на САД на „АА+“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ