сабота, 27 јули 2024
НБА

Моќна партија на Ембид, Филаделфија го победи Бостон (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Ембид полека станува најголем фаворит за наградата МВП, синоќа против Бостон уште еднаш покажа зошто е тоа така. Постигна 52 поени, повеќе од половина за својот тим, а имаше и 13 скокови. Харден даде допринос со 20 поени и 10 асистенции. Во тимот на Бостон најдобар беше Дерик Вајт со 26 поени.

Леброн Џејмс ноќеска потсети на своите најдобри денови, откако со 37 постигнати поени беше најзаслужен за триумфот на ЛА Лејкерс на гости кај Јута џез (135-133) по едно продолжение, што е четврта по ред победа за „езерџиите“, кои се уште се во игра барем за место во плејинот.

РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Торонто 100-120, Детроит – Мајами 105-118, Орландо – Кливленд 113-117, Вашингтон – Милвоки 128-140, Бруклин – Минесота 102-107, Чикаго – Атланта 105-123, Хјустон – Денвер 124-103, Мемфис – Портланд 119-109, Њу Орлеанс – Сакраменто 103-121, Филаделфија – Бостон 103-101, Јута – ЛА Лејкерс 133-135, Голден Стејт – Оклахома 136-125, Феникс – Сан Антонио 115-94.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ