сабота, 27 јули 2024

Моќна партија на Јокиќ против најдобрата одбрана во лигата (ВИДЕО)

Никола Јокиќ со 41 поен го предводеше Денвер до победа во дербито против Минесота по која шампионот го презеде првото место во западната конференција.

Објавено на

часот

Сподели

Минесота ја има најдобрата одбрана во лигата, но синоќа тие не можеа да најдат одговор за фантастичното издание на Никола Јокиќ. Денвер го доби мечот со 116-107.

Јокиќ постигна 41 поен, имаше 11 скокови и седум асистенции, втор стрелец на Денвер беше Мареј со 20 поени. Најдобар кај Минесота беше Едвардс со 25 поени.

Резултати:
Кливленд – Мемфис 110-98
Атланта – Шарлот 114-115
Бруклин – Торонто 106-102
Мајами – Далас 92-111
Милвоки – Орландо 117-99
Оклахома – Сан Антонио 127-89
Денвер – Минесота 116-107
ЛА Клиперс – Феникс 108-124

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ