сабота, 27 јули 2024

Моќна партија на Арсенал за убедлива победа кај Брајтон (ВИДЕО)

Арсенал со 3-0 победи на гостувањето кај Брајтон и се искачи на врвот на табелата во Премиерлигата каде ќе остане најмалку до утре кога Ливерпул го игра својот меч.

Објавено на

часот

Сподели

Серијата погодоци за топчиите ја отвори Сака во 33. минута од пенал. Тоа беше единствениот гол во првото полувреме.

Во 62. минута по асистенција од Жоржињо, Каи Хаверц зголеми на 2-0, а конечните 3-0 ги постави Тросар во самиот финиш од натпреварот.

Арсенал сега е лидер на табелата со 71 бод, еден повеќе од Ливерпул кој утре му гостува на Манчестер јунајтед, 70 бодови има и Манчестер Сити.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ