Голден стејт одлично го почна натпреварот, во еден момент од втората четвртина имаше и 16 поени предност, беше 56-40. Но следуваше серија на Денвер по која на одморот се замина со нерешени 61-61.
Третиот период помина во изедначена игра, но кога требаше да се решава победникот, во последната четвртина Денвер се одлепи и не даде можност за никаква неизвесност, конечниот резултат беше 119-103.
Никола Јокиќ постигна 32 поени, со 16 скокови и 16 асистенции, имаше поддршка од Мареј кој реализираше 27 поени. Кај Голден стејт најдобар беше Томпсон со 23 поени, Кари реализираше 20.
Резултати:
Филаделфија – Милвоки 98-119
Феникс – ЛА Лејкерс 123-113
Индијана – Далас 133-111
Вашингтон – Кливленд 105-114
Атланта – Орландо 109-92
Голден стејт – Денвер 103-119
Хјустон – Оклахома 110-123
Њу Орлеанс – Чикаго 106-114
Јута – Сан Антонио 128-109
Портланд – Шарлот 80-93
ЛА Клиперс – Сакраменто 107-123