вторник, 21 мај 2024

Мојсовски: Ова е хајка против мене за заплашување пред изборите

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, ги отфрли обвинувањата од Основното јавно обвинителство (ОЈО) и смета дека тие се во политичка функција пред изборите.

Објавено на

часот

Сподели

Наумче Мојсовски, заедно со неговиот претходник Дарко Каевски, претседателот на МОК Даниел Димевски и уште деветмина, се најде на тапет кај ОЈО. Тие се обвинети дека ја оштетиле државата за пет милиони евра преку искористување на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури извришле распределба на средства наменети за спортистите.

Мојсовки ги отфрла обвинувањата и смета дека тие се во политичка функција пред парламентарните и претседателските избори.

„Целосно ги отфрлам обвинувањата против мене како директор на Агенција за млади и спорт, за евентуална злоупотреба во мојата работа во однос на ваучер системот.
Ги сметам за тенденциозни “мистериозно” протечените информации во јавноста, очигледен е и тајмингот и намерата. Очекувам транспарентна постапка во која моите тврдења целосно ќе се потврдат, а ќе докажат дека токму оваа хајка во јавноста против мене е само алатка за заплашување пред вториот круг претседателски и парламентарни избори.
Моето име е изградено од вредна работа и огромен придонес за македонскиот спорт. Како спортист роден во мал град, Струга, отсекогаш сум работел чесно и вредно сѐ со цел унапредување и зајакнување на домашниот спорт. Со гордост сум ги бранел боите на Македонија и со гордост работам на поддршка на сите македонски спортисти.
Македонија е демократска држава и како таква функционира во изминатите 7 години, кога заплашувањата, уцените и јавните лични линчувања се минато“, стои во реакцијата на Наумче Мојсовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ