сабота, 27 јули 2024

Мојсов: Ова ни е прв трофеј во историјата, но нема да застанеме тука

Тренерот на Тиквеш, Ѓорѓи Мојсов вели дека освојувањето на Купот на Македонија не е нешто што дошло преку ноќ, туку со работа во текот на целата сезона.

Објавено на

часот

Сподели

Тиквеш се радува на историски успех откако со 2-1 ја победи Воска во финалето од Купот на Македонија и го освои својот прв голем трофеј во историјата.

„Морам да го спомнам мојот цел стручен штаб, докторите…сите нас не спомнуваат, но и тие се многу заслужни. Од почетокот го посакувавме овој трофеј и од самиот старт покажавме една напаѓачка игра. Заслужено го освоивме трофејот, игравме одлично од првата минута. Ова не е работа што доаѓа преку ноќ, ние од почетокот на сезоната зборуваме дека ако играме како што знаеме, а тоа е напаѓачки, можеме да победиме секого“, рече тренерот Ѓорѓи Мојсов по мечот.

„Голот малку нѐ раздрма, бидејќи дојде од никаде. Но, на крајот Ренер извади една тешка топка и тој е одличен голман, можеби најдобар во македонската лига. Ова е прв трофеј во историјата, но нема да застанеме тука. Сезонава завршивме како четврти, а ако го задржиме составот, ќе одиме и на повисоко место“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ